Пазарот на недвижности во Скопје во последниве години доживува значителен раст, како резултат на неколку фактори, како што се интензивно градење и зголемена побарувачка за домување. Како најголем и најнаселен град во Македонија, Скопје забележа наплив на градежни активности, при што се подигнати бројни нови станбени и комерцијални згради. Ова доведе до зголемување на вредностите на имотот и стапките на изнајмување, со што Скопје е лидер во бројот на недвижнини, како и привлечна дестинација за инвеститори и развивачи на недвижнини.
Александар Гиноски, експерт за недвижнини и директор на Дарма Дома агенција за недвижнини во оваа интервју ќе ни даде увид во моменталната состојба на индустријата за недвижнини, вклучувајќи ги и најновите трендови, предизвици , и можности.
1. Можете ли да ни дадете преглед на моменталната состојба на пазарот на недвижности во Скопје, каква е состојбата?
Александар Гиноски: Моменталната состојба на пазарот на недвижности во Скопје, главниот град на Македонија, како што и самите може да видите, скоро на секој чекор се гради интензивно, а штом се гради логично е дека побарувачката е голема. За ралика од пред неколку години кога цената беше доста пониска за метар квадратен, со самото поскапување на градежните материјали беше логично и цената да се зголеми а да се намали побарувачката, но напротив побарувачката е зголемена повеќе од претходните години коа цените беа доста пониски.
2. Кои се некои уникатни карактеристики на пазарот на недвижности во нашата земја во споредба со соседните земји?
Александар Гиноски: Во поглед на уникатноста мислам дека големиот избор на станови во нова градба на многу локации низ Скопје не прави уникатни во поглед на соседните земји.
3. Кои сектори на недвижности се зголемуваат, а кои се намалуваат?
Александар Гиноски: Во поглед на издавањето во овој период за разлика од претходно е зголемена понудата на недвижности а со тоа и цената на месечните закупнини е намалена, што не е иста ситуацијата со продажбата на недвижности
4. Кои видови имоти се најбарани во Скопје и што ги прави побарани?
Александар Гиноски: Становите со помала квадратура до 50 м2 се најбарани на пазарот и мислам дека побарувани ги прави тоа што може да си ги дозволат поголем број на луѓе, за разлика од поголемите квадратури каде што веќе цената е доста поголема.
5. Кој купува повеќе?
Александар Гиноски: Купуваат најмногу млади брачни парови и луѓе кои гледаат можност за долгорочна заработка - купува сега и го издава повеќе години
6. Кои фактори влијаат на цените на недвижностите во Македонија и која е најпопуларна локација?
Александар Гиноски: На цените за недвижности во Македонија доста влијание има локацијата на истите и побарувачката.
7. Кои се најпопуларните локации за недвижности во Македонија моментално?
Александар Гиноски: Најпопуларна локација е Скопје и цените за м2 се најголеми, исто како и закупнините.
8. Кои се најважните работи што купувачите треба да ги земат предвид кога сакаат да купат имот во нашата земја?
Александар Гиноски: Постојат повеќе работи на кои што треба да се внимава при купување на имот. Пред се мора да се земе во предвид дека многу малку луѓе имаат искуство во процесот на купопродажба на имот, бидејќи е доста скапа инвестиција и не се прави често во животот, најголемата грешка ја прават кога истите бараат помош од пријатели, соседи, роднини, па дури и самите контактираат луѓе по огласи кој што ќе ги сретнат на интернет и со тоа влегуваат во еден лавиринт од информации и нови искуства со кои што не се подготвени да се справат, а тука има доста ризици кои што во понатамошниот тек може да бидат причина за главоболка, и наместо купувањето на имот да стане задоволство истото може да прерасне во кошмар (проблем со документација, лоша изолација на зграда, влага, некоректни соседи, чести дефекти на лифт, лоша вентилација и др.) Поради сето ова препорачувам да се ангажираат професионалци во оваа област - Агенции за недвижности кои што најпрвин ќе им помогнат на луѓето да дефинираат идеален дом, а потоа безгрижно ќе ги водат низ процесот на купување на имотот, бидејќи ова е инвестиција за цел живот а не патики за една сезона.
9. Гледајќи напред кон следните неколку години, што ги гледате како најголеми можности и предизвици со кои се соочува индустрија за недвижнини во Скопје?
Александар Гиноски: Во наредните години очекувам да се гради во ист интензитет како и до сега со оглед на тоа што луѓето од цела Македонија инвестираат во Скопје и очекувам трендот за купување на недвижности да продолжи и во иднина.
10. Каков совет би му дале на некој што сака да инвестира во македонски недвижен имот, било како поединец или како бизнис?
Александар Гиноски: Со оглед на тоа што на пазарот на недвижности сме повеќе од 11 години, можам да кажам дека инвестицијата во недвижен имот се покажа како долгорочна и исплатлива можност за секој еден кој што сака да ги вложи своите пари во нешто што ќе остане во иднина и нема да изгуби во својата вредност, а може да го пренесе во наследство на своите поколенија. Кога ќе се сретнам со клиенти со кои што соработувам од пред 11 години и ќе ми кажат дека го исплатиле половина стан со неговото издавање, тоа ми е потврда за тоа што претходно го споменав.
Како што е спроведено во одговорите на експертот за недвижности, Александар Гиноски, јасно е дека пазарот на недвижности во Скопје, како главен град на Македонија, во моментов доживува значителен раст и развој. Скопје се етаблира како лидер во бројот на недвижнини достапни за продажба или изнајмување, со разновиден спектар на опции за потенцијални купувачи и изнајмувачи.
За агенцијата Дарма Дома
Дарма Дома е професионална Агенција за Недвижности која е во пазарот повеќе од 11 години. Освен богатата понуда за станови, куќи и деловни простории во цела територија на Скопје, Дарма Дома има исклучителен тим од експерти и професионалци, кои ја обезбедуваат услгуата за купопродажба и изнајмување имот во најбрз можен рок.